Идејата на Рама за „заеднички претседател“ несоодветна за  ЕК

Loading...

Европската комисија реагираше на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека посакува Албанија и на Косово да имаат заеднички претседател, а портпаролката на Кетрин Реј, рече дека е несоодветна.

Реагирајќи на зборовите на албанкиот премиер, Реј за новинарите во Брисел рече дека „изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не се корисни за градење на добрососедски односи”.

Таа додаде дека ЕУ очекува шест земји од Западен Балкан кои остануваат надвор од блокот, вклучувајќи ја Албанија и Србија, да „градат конструктивни и кооперативни односи и да ја фокусираат и интензивираат работата на нивните реформски програми за да продолжат понатаму кон патот за интеграција во ЕУ“ .