Иефимирида: Бугарија, Скопје и Албанија попривлечни за инвестирање од Грција

Грција „падна“ шест места на светската ранг-листа според можностите за инвестирање во таа земја.
Таа е рангирана на 67 место меѓу 190 земји, а соседните земји, Бугарија, Албанија и ПЈРМ, се значително повисоко пласирани на списокот за таканаречемниот „Дуинг бизнис“, пишува грчкиот Иефимирида.
Податоците од Светската банка „Doing Business 2018“ покажуваат дека Грција година по година станува се „понеповолна“ дестинација за бизнисот.
Иако има потреба од инвестиции, земјата значително ја влоши својата позиција споредено со 58 место во 2015 година.
Индикативно е дека деловната клима во Грција е понеповолна од земјите како што се Скопје (рангирана на 11 место), Романија (45 место), Бугарија (50 место) и Албанија која е 65-та на списокот на Светска банка.

Оставете коментар