За сите, па и за најголемите гурмани, основниот приоритет за вакви претопли денови е да се биде што е можно помалку крај шпоретот, рерната, фурната. А патем, секако да се јаде нешто добро и вкусно. Еве предлог кој доаѓа од ориентот, а е преземен во сите земји од овој дел од светот. Обидете се.

Состојки:

-Модри патлиџани

-3 јајца

-300гр сирење

-кашкавал за наросување

Подготовка:

Модрите патлиџани добро се мијат и се сечат на половина по должина. Секој дел се издлабува, да се добие брод. Издлабената смеса се сече на ситни парчиња и се остава настрана.

Јајцата добро се матат и се додава малку сол. Сирењето се ренда и се става во смесата со јајцата.

Модри патлиџани се полнат со подготвената смеса и се редат во тава. По желба може да се попрскаат со малку кашкавал. Се полева со масло и вода.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути, а се јадат студени.