Атлетико Мадрид ќе се обиде со зголемувања на платата да го задржи Антоан Гризман. Од Ванда Метрополитано стадионот на Французинот ќе му понудат 20 милиони евра годишна плата што би бил клупски рекорд, но и последна шанса да го премислат. Гризман ианку е на пат за Камп Ноу и тоа за 100 милиони евра колку што чини откупната клаузула иако медиумите јавуваат дека има проблем за реализирање на истата затоа што наводно Атлетико и Барса имаат потпишано своевиден пакт за „ненапаѓање“ односно непреземање на играчи.