Eдно од нашите омилени македонски традиционални мезиња, кое секогаш е згодно да го има на маса. Посебно уживаме во пинџур намачкан врз топло или потпечено лепче со сирење. Нема ништо подобро од ова. Потребно ви е модри патлиџани, пиперки, домати.

Испечете ги во рерна, а ако имате услови надвор, уште поубаво. Потоа за да се лупат полесно, ги ставате во кеси, па излупени во посебни цедници, да одстојат подолго. Нема потреба од толчење, само ги вртите со дрвена лажица во круг, неколку пати дури не станат како конци. После убавото цедење, спојте ги заедно и исто измешајте ги во круг. И сега, во ова фаза, ако има повеќе од потребното за дента може да си направите кесички за замрзнувачот, исто како што смрзнуваме мелено месо да речеме, сплоснато.

Кога ќе си направите мала зимница, редно е да си го довршите пресниот пинџур, но истото што ќе го правите понатаму, го правите и кога ќе одмрзнете кесичка со пинџур. Свртете го неколку пати на малку врел зејтин кога е одмрзнат, а ако има вода, исцедете ја претходно. Сега загрејте повеќе зејтин и попарете го пинџурот. Толчен лук со сол и зејтин, толчени ореви додавате и пред зејтинот и малку по зејтинот, а на крај магданос. За гурманите, задолжително да има и лути пиперки и тоа оган лути и повеќе врел зејтин

SHARE