Новата влада има простор за задолжување !

И покрај тоа што неколку години еден од главните аргументи против владата на ВМРО – ДПМНЕ беше високото ниво на задолжување веднаш по добивањето на мандатот дел од медиумите и невладините организации тврдат дека земјата има простор за нови задолжувања.

Според економетриските проценки, моменталното ниво на јавниот долг од 47.8% е се`уште во сферата на одржливоста. Постои простор за понатамошно задолжување на државата до ниво од околу 59.2% од БДП, под претпоставка на рационално и продуктивно искористување на позајмените средства, велат од институтот за економски политики и истражувања „Фајненс тинк“.

Истражувањето на „Фајненс тинк“ насловено како „Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи?“ го процени одржливото ниво на државниот и јавниот долг под различни макроекономски претпоставки.

Резултатите на студијата покажуваат дека долгот на државата речиси двојно се зголемил во последните 8 години. Секое дете се раѓа со 2.274 евра јавен долг.

Врз база на истражувања повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на Македонскиот државен долг се движат помеѓу 41% од БДП и 48,7% од БДП. Аналогно, земајќи ја предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг границите на одржливост на македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51% и 51,9% од БДП.

SHARE