На 67 избор за Мис на светот победата и припадна на Индијката Мануши Чилар, а со тоа таа и ја донесе шестата титула за својата земја.

„Ви благодарам на сите за постојаната љубов, поддршката и молитвата“, рече новата Мис Светот на социјалните мрежи.

Титулата на Мануши и беше предадена од минатогодишната „Мисица“ Стефани дел Вал од Порторико.

Годинава изборот за Мис на светот се одржа во Кина.

Оставете коментар