Шокантно видео ни доаѓа од Индија каде млада девојка, на вџашеност на сите присутни на станицата во Мумбаи, не успеа да излезе од шините навреме и беше удрена од воз во движење. Возот потоа мина врз неа со сета композиција, но како огромно чудо, девојката успеа да преживее и тоа со многу мали повреди.

Видеото не е за луѓе со слабо срце и нерви иако се е полесно кога се знае дека исходот не е трагичен.

Девојката која има 19 години потоа во болницата призна дека доцнела на работа, дека имала слушалки на ушите и зборувала на мобилен. Пресреќна е што мина само со повреди на устата и лицето, и без скршеница, а портпаролот на полицијата на Мумбаи во вториот дел од видеото, признава дека вакви случаи во најголемиот град во Индија (18.4 милиони жители), не се така ретка појава.