Деновиве доста се шпекулира со заминување на капитенот на Барселона, Андрес Иниеста од клубот со кој освои се што е можно, но во кој, по сезоната во која не е освоен еден од двата најпосакувани пехара, од Примера или од ЛШ, се подготвува темелна реконструкција.

Тој синоќа делумно ги потврди најавите.

“Да, постои опција да не ја завршам кариерата во Барса, иако се уште постои и можност за потпишување на нов договор”, рече Иниеста чии зборови каталонските новинари ги протолкуваа како заминување во Јувентус кој, по доброто искуство со Дани Алвеж, е живо заинтересиран за 33. годишниот креатор.

SHARE