Исламисти со потекло од Македонија в четврток на суд во Австрија

Седум млади луѓе на возраст меѓу 19 и 24 години, а со потекло од Македонија, од Босна и Херцеговина и од Чеченија, в четврток ќе седнат на обвинителна клупа во австрискиот град Сент Полтен како тетористичка група поврзана со Исламска држава.

Тие во летото 2016 година се заинтересирале за радикална форма на исламот и се обиделе да убедат и други да ѝ се приклучат на ИСИЛ, користејќи ја просторијата за молитви во универзитетската болница во Сент Полтен, но биле активни и на улица.

Преку групи на социјалната мрежа „WhatsApp“ осомничените речиси секојдневно ширеле пропаганден материјал, вклучувајќи и видеа од обезглавувања жртви од борци на ИСИЛ, а биле во контакт и со сипматизери на терористичката организација во Виена.

Дваесегодишниот шеф на групата е обвинет и за обид за грабеж, како и за обид за принуда, а обвинението го товари и за планирање провала во продавница за оружје во Сент Полтен заради обезбедување оружје за џихад. Покрај тоа, се вели дека младиот човек му се заканил со нож и на својот старател во образовниот центар, убедувајќи го да премине во исламска вера.

Нападот на продавницата бил планиран за во март минатата година, по што членовите на групата требало да заминат со авион за Сирија, но на 6 март полицијата во рамките на операцијата „Кобра“ ги уапсила на неколку локации во Сент Полтен. Четири дена подоцна бил приведен уште еден осомничен терорист во градот.

Судењето ќе с еодвива со засилени мерки на безбедност и без присуство на јавноста, бидејќи некои од обвинетите се многу млади, соопшти Регионалниот суд.

 

SHARE