Исламска држава повика на напади во Албанија за празниците

Исламска држава ги повика своите приврзаници во Албанија да организираат напади за време на претстојните божиќни и новогодишни празници.

„Имаш доволно време да набавиш возило и да прегазиш луѓе во толпа или да купиш нож и да удриш во нив или да наполниш пушка со муниција. И ако твојата душа не може да ги прифати, влези во нивниот метеж и викни ‘Алах е голем’“, се наведува во повикот од терористичката организација упатен на албански јазик, а го пренесуваат медиумите кај западниот сосед.

ИД ја прогласи 2018 година за „крвава година“, и покрај поразите во Ирак и во Сирија.

Оставете коментар