Исповед на сопатничката на Дражен Петровиќ – Сакав јас да загинам место него

Хилал Едебал е една од двете сопатнички на кошаркарот Дражен Петровиќ вечерта кога тој го загуби животот близу германскиот град Денкендорф во јуни 1993 година. Таа  ја преживеала трагичната несреќа но и останале трајни последици. Повеќе пати посакала таа да загинела место Дражен.

Тогаш 23 годишната талентирана кошарка била другата сопатничка на Дражен Петровиќ, покрај Клара Шаланти, тогашната девојка на 28 годишниот хрватски кошаркар, која управувала со возилото а која остана жива без поголеми последици и подоцна продолжи со својата кариера.

 

 

Едебал по сударот не знаела дека во автомобилот била со можеби најдобриот европски кошаркар во историјата. Сударот и оставил трајни последици на мозокот, предизвикувајќи амнезија поради која има големи дупки во сеќавањето, нервни удари и проблеми во однесувањето.

-Зошто Петровиќ, човек со таков статус и богатство, морал да патува од Германија во Загреб баш со автомобил, а не авион? Зошто баш јас морав тогаш да бидам во Германија, се некои од прашањата кои со години ја мачеат сега 47 годишната жена.

-На крајот, дали Дражен помина подобро од мене? Би било ли подобро да не преживеев? Не можејќи да даде одговор на овие прашања е обидела да си го одземе животот, кој минувал на постојано лечење и терапии.

 

-Ми беше многу тешко. Долго време бев на терапии. Во потполност го загубив памтењето. Не препознавав ништо во Минхен, градот во кој израснав. Како и да отидев, родителите мораа да ме враќаат назад, вели Хилал за хрватските медиуми.

-Не планирав да скокнам за да се убијам. Сакав да се разбудам од сонот. Мислев дека кога ќе скокнам, ќе престанам да ја сонувам оваа ноќна мора.

 

Едебал во таа 1993 година патувала со својата пријателка Клара, прифаќајки да и направи услуга. Клара сакала друштво на автопатот од Минхен до Франкфурт, каде заедно го земале Петровиќ на аеродромот.

Таму допатувала хрватската репрезентација од Полска, каде играла квалификации за Европското првенство истата година. Наместо со остатокот од тимот да седне во авионот за Загреб, Петровиќ носен од желбата да мине повеќе време со својата девојка, одлучил да патува со автомобил.

Околу 17:20 часот црвениот Голф со полна брзина се забил во камион-цистерна, кој бил на сред патот. Според полицискиот извешта, возачот на камионот излегол од возилото сигнализиријаќки им на другите возила да успорат трчајќи им за помош. Но, за црвениот Голф во кој бил Дражен Петровиќ и двете девојки било предоцна.

Клара пробала со вртење да избегне неизбежното, но притоа страната од возилото каде што седел Дражен директно удрило во цистерната. Неговата девојка возела многу над дозволеното.

Дражен, кој спиел неврзан, излетал низ предното стакло и со главата удрил во цистерната, загинувајќи на лице место. Едебал, 188 сантиметри високота спортистка, која исто така не била врзана удрила со глава и телото во седиштето.

Оваа Турчинка која е родена во Германија до ден денес не може да разбере зошто девојката на Дражен никогаш не дошла да ја праша како е иако таа со пребрзото возење и го уништила животот.

За разлика од Едебал девојката на Дражен,  Клара Шаланти, одбива  разговор на болната тема. Се омажи за фудбалерот Оливер Бироф во 2001 година, откако ја завршила својата кошаркарската и кариерата како модел.

 

 

Според извештајот на „Süddeutsche Zeitung“ од 1996 година, Клара по несреќата поминала една недела на интензивна нега. Единствена последица од несреќата и е мала лузна над левиот очен капак. Набрзо по несреќата повторно возела без проблеми, се вратила на работата како фотомодел во САД, по што ја продолжила кошаркарската кариера во Германија.

 

 

Дражен Петровиќ е роден во во 1964 година во Шибеник, беше најдобриот југословенски кошаркар на сите времиња и еден од најдобрите европски кошаркари во историјата. Откако ги освои сите европски клупски и репрезентативни трофеи помина и неколку одлични сезони во НБА каде беше меѓу играчите со најдобар процент на удари за три.

SHARE