Истекува рокот, обвинение за настаните од 27 април нема!

Loading...

Уште десетина дена остануваат да се подигне обвинителен акт за обвинетите во врска со настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Звонко Давидовиќ адвокат на еден од обвинетите за, за ТВ Сител изјави дека очекува деновиве да биде објавен обвинителниот акт за овој предмет.

Адвокатот уште додал дека с’е уште нема информација за тоа дали Судот донел одлука по жалбите на обвинетите кои се во притвор и се пожали дека во овој случај се пробиени сите рокови, пренесе ТВ Сител.