Тројца грчки европратеници се пожалија дека морале да поминат низ пасошка контрола по летот од Атина до Брисел.

Ова се случува веднаш откако Германија наметна построга контрола за патниците што доаѓаат од Грција.

Тројцата европратеници – Софија Сакорафа, Јоргос Кирцос и Нотис Мариас, постираа на социјалните мрежи дека морале да поминат пасошка контрола заедно со други патници од Грција на аеродромот во Брисел, пренесуваат медиуми.

„Грција се стекнува со се повеќе и повеќе недоверба. По Германија, сега и Белгија го занемарува Шенгенскиот договор и ги проверува за летови од Грција“, напиша на нејзиниот Фејсбук профил, Софија Сокорафа.

„Нашето понижување во Европа продолжува поради неможноста на владата да го запре ‘производството’ на лажни патни исправи во Грција. Вчера, имаше пасошка контрола за патниците во Брисел, во срцето на ЕУ“, коментира европратеникот на Нова демократија, Јоргос Кирцос.

Оставете коментар