И Бетмен Велит се врати, со силна симболика

Loading...

По пауза од речиси 90 дена на социјалните мрежи се врати еден од највлијателните јавни личности во светот на интернетот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит.

Илиевски мина над 80 дена во притвор поради обвинение за тероризам за време на настаните од 27 април.

Неговиот последен пост на Фејсбук е објавен на 27 ноември а во денешниот Илиевски објавува фотографија од филмот Гладијатор односно сцена во која главниот јунак Расел Кроу се враќа во својот дом.

Од фотографијата може да се заклучи дека еден од лидерите на “За заедничка Македонија” и по притворот не го загубил духот, ниту е уплашен, и дека продолжува со своите активности.