По информацијата дека македонските законодавци усвоија закон со кој албанскиот јазик ќе стане втор официјален јазик во земјата, бугарски медиум потсетува дека „на почетокот на минатата деценија во Македонија беше донесен закон со кој се гарантира правото на користење на албанскиот јазик како официјален само во одредени области каде што малцинството е повеќе од 20 отсто од населението.“

Односно дека „Законот беше дел од мировниот договор од 2001 година за ставање крај на вооружениот конфликт помеѓу бунтовниците на етничките Албанци и владата“.

Под наслов „Македонија се движи кон својот крај…“ следат технички детали дека за законот гласале 69 од 120 пратеници, додека отсуствувале  пратениците на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ според која, законот нема да доведе до вистинско подобрување на правата на албанското малцинство, туку ќе ги продлабочи разликите.

„Двојазичноста ќе создаде правен хаос. Тоа ќе создаде неефикасни институции кои ќе бидат изгубени во преводот, наместо да бидат од вистинска корист за граѓаните“, цитираат извори од партијата.

На каројот на написот, се потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави одлуката на македонскиот парламент како „историско достигнување кое ја демократизира и ја зајакнува Македонија“.