И ВМРО-ДПМНЕ е за протерувањето на рускиот дипломат (ВИДЕО)

Loading...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вели дека Владата постапила соодветно со протерувањето на рускиот дипломат доколку информациите во медиумите за овој случај се точни.

„И министерот за надворешни работи и Владата прават грешка што ја исклучуваат опозицијата од овој процес на споделување информации и консултации со опозицијата. Ние го осудуваме актот што се случи во Велика Британија, сметаме дека е тоа директна атака врз земјата кон која имаме сериозни симпатии. Наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон. Нашето место е во ЕУ и во НАТО. И затоа сметаме дека е во ред ова што го направи Владата“, рече Николовски за емисијата „200“ на Алсат-М.

Николовски со критика и за претседателот Ѓорге Иванов за несподелување информации и координација меѓу политичките фактори.

„И Иванов не се консултира со опозицијата. И претседателот и Владата продолжуваат да носат одлуки без да се консултираат со опозицијата, што мислам дека е голема грешка. Македонија мора да биде членка на ЕУ и на НАТО. Наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон. Се разбира, сето ова под услов да се точни информациите со кои располагаме само од медиумите, имајќи предвид дека ние немаме дополнителна информација за едно вакво сериозно прашање“, рече Николовски.

Изјавата е на седмата минута од видеото на „200“