Викторија Тодоровска, единствената девојка во македонскиот национален олимписки тим за оваа зимска средба во Јужна Кореја беше 85-та и оствари очекуван пласман во трката на 10 километри. 17 годишната крос кантри скијачка во конкуренција на 90 натпреварувачки постигна време од 32.57.06 што беше доволно да остави зад себе пет нордијки, но и време кое е за цели 7 минути и 57 секунди побавно од победникот на трката Норвежанката Рагнхилд Хага.

Викторија ќе остане на овој настап, на десет километри и не е пријавена за друг, а нас во текот на утрешниот ден не очекува второто појавување на Ставре Јада во Пјонгчанг. Тоа е трката на 15 километри која е практично неговата посилна страна и дисциплината во која ја обезбеди нормата за настап на Зимските олимписки игри.