Loading...

Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе со 29-25 и без пораз го завршија првиот дел од сезоната во регионалната лига што е најдобар патоказ кон нов трофеј.

Црвено црните денеска не беа оптоварени од никакви потреби и затоа лежерно го одиграа мечот во Јане Сандански кој заради мотивите кај хрватскиот противник беше и добар и неизвесен особено во првите 30 минути. Впрочем Вардар губеше на полувреме, но само со 12-11 и тоа со осум интервенции на Милиќ. Во вториот дел веќе се дојде на своето место. Европскиот и СЕХА првак изротира и засили, па гостинот немаше шанси за сензација иако таа разлика во ниту еден миг не беше преголема. Најдобри во нашиот тим беа споменатиот Милиќ со 14 интервенции и Циндриќ кој за едно полувреме даде 7 гола.

По 29-25 против Нексе Вардар ја заврши лигата со 17 победи и нерешено, и сега ги чека Загреб, Цеље и Брест на завршниот турнир на средината од април во Скопје.