И Косоварите збеснаа за фудбалскиот стадион во Струмица

Најавата дека фудбалскиот меч Македонија – Албанија во квалификациите за светското првенство во Русија во 2018 година ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица најпрвин предизвика гнев кај навивачите на Република Албанија а потоа и косовските фанови на националниот тим се налутија на УЕФА.

За разлика од Албанските навивачи кои што обвинуваат дека Македонската фудбалска федерација намерно ја закажала средбата што треба да се одигра на 5 септември во Струмица за да не можат да направат спектакл во Скопје, Косоварите обвинуваат дека кон нив се врши дискриминација од српското и руското лоби  во УЕФА.

Тие сметаат дека ако Македонија може да игра на стадионот „Младост“ во Струмица тогаш и Косово може да игра на стадионот „Адем Јашари“ во Косовска Митровица. Стадионот кој што се нарекува Олимписки Стадион Адем Јашари според еден од хероите на војната против Српските сили во 1999 година го користи фудбалскиот тим Трепча а неодамна е целосно реновиран според препораките на УЕФА.

Ако се суди според фотографиите од овој спортски објект кој собира 18,500 гледачи или три пати повеќе од стадионот во Струмица, Косоварите имаат целосно право да се лутат на УЕФА што го тера нивниот национален тим да игра во Скадар или Тирана во Република Албанија.

Коментарите поврзани со одлуката струмичкиот стадион да биде домаќин на репрезентациите на Македонија и Албанија кои беа постирани на социјалните мрежи подобро да не бидат објавени. И во нив како и во коментарите за реакциите на албанските навивачи доминира зборот ФИРОМ.

SHARE