И одбраната со иста идеја како грчката дипломатија

Меѓународен договор што ќе доведе до промена на уставните одредби што содржат иредентизам и одредница на името, се предусловите за решавање на спорот меѓу двете земји.

Новиот алтернативен министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис објаснува што е потребно да се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

– Иредентизмот треба да остане далеку, потребна е одредница на едно име што нема да создава конфузии и какви било други прашања и секако потребен е еден меѓународен договор што води кон промена на кои било уставни одредби што го потенцираат иредентизмот од страна на ПЈРМ, вели Кувелис и додава дека тоа е неговиот став, но и став на грчкото Министерство за надворешни работи.