Најскапата куќа во слободна продажба, а така е од пред извесно време, ја поседува ќерката на Берни Еклстоун, Петра која во 2011. ја купи од семејството на славниот продуцент Арон Спелинг. Сместена е во Холивуд, изградена во 1991. година во француски стил, има три спрата со 123 соби, кино, куглана, визба, теретана и двор од 19 илјади квадратни метри. Таа убавина има само една мана, чини 150 милиони евра.

Полскиот Евреин Спелинг, кој се прослави со Династија, а потоа имаше и многу други успешни ТВ и филмски проекти, почина во 2006. година, по што неговото семејство односно сопругата Кенди ја продаде куќата која е именувана како Манор. Но меракот очигледно минува, па 30. годишниот модел Петра, мажена за бизнисменот Џејмс Стант веќе објави дека сака да ја продаде куќата. Цената е 150 милиони долари, истата онаа што и Спелингови ја бараа во периодот од 2006. до 2009. година, за потоа да симнат на 85 милиони.

Во текот на последните месеци во обиколка на куќата се забележани Бијонсе и Џеј Зи кои бараат нов дом за семејството кое наскоро ќе се прошири.

SHARE