И покрај истрагата Белград ќе соработува со грчката фирма „Актор“

 

Српската министерка за инфраструктура Зорана Михајловиќ изјавила дека четирите договори со грчката фирма Актор која го гради коридорот 10 се сеуште во сила и нема план за нивно прекинување.

Грчките власти пред неколку дена открија дека се води истрага против  градежната компанија за коруптивни активности и перење пари во Македонија со парите кои ги финансира и контролира Европската Унија.

Канцеларијата за антикорупција на ЕУ – ОЛАФ не ја информирала српската влада за истрагата против Актор затоа што таа се води во друга земја, изјавила Михајловиќ за агенцијата Танјуг. Според Михајловиќ нема правни причини за прекин на договорите со Актор во Србија.

Во четвртокот грчките медиуми Прототема и Катимерини објавија дека ОЛАФ ја обвинува Актор за наводна измама и перење парти во вредност од 50 милиони евра во врска со изградбата на патната делница Демир Капија – Смоквица.

Коридорот 10 ги поврзува Салзбург во Австрија со Солун и минува низ Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.

SHARE