Најниската минимална плата од само 261 евра во јануари во Европската унија беше реализирана во Бугарија.

Според најниските минимални плати следат Литванија со 400 евра и Романија со 408 евра, покажуваат податоците на Еуростат, пренесува БНТ.

Минималните плати помали од 500 евра се карактеристични за земјите од источниот дел, додека за земјите во северозападниот дел на ЕУ тие надминуваат 1.000 евра.

Најголемата минимална плата е регистрирана во Луксембург на 1,999 евра месечно, потоа во Ирска 1,614 евра, Холандија 1,578 евра, Белгија 1,563 евра, Германија и Франција 1,498 евра месечно.

SHARE