И Хјуман Рајтс Воч го обвини Белград за протерување на бегалци во Македонија

По локалните српски невладини организации и глобалната Хјуман Рајтс Воч ја обвини српската влада дека насилно ги протерува бегалците од српска на македонска територија.

Во извештајот за 2016 година објавен деновиве ХРВ вели дека иако Србија забележала значително намалување на прилив на нови бегалци од 2016 година таа сеуште не успева да даде соодветна помош на бегалците особено на деца без придружба на родители.

„Постојат кредибилни извештаи дека се организираат групни враќања на баратели на азил од Србија во Македонија“, се вели во најновиот извештај на ХВР за Србија.

Според УНХРЦ кој што е партнер на Српскиот комесаријат за бегалци и миграција во земјата имало 6,600 баратели на азил и бегалци во моментот на пишување на извештајот.

Пред две дена српската невладина органзиација „Србија без граници“ објави дека спрската полиција насилно и илегално ги протерува бегалците од кампот во Прешево на македонска територија. (читај тука)