Лука Циндриќ, човекот што минатата сабота во последната секунда против Барселона го отепа пајакот во полуфиналето на Финалниот турнир во Лигата на шампионите заминува во Киелце. Така претходниот Европски првак, полскиот тим победи лани во Ланксес арената, по Алекс Душебаев кој летово заминува во Киелце, следната го добива и Лука Циндриќ.

Средниот бек кој се разви во неверојатен играч потекнува од Огулин, а во Македонија пристигна пред три години кога потпиша за Металург. Во Автокоманда се задржа кусо, а потоа две сезони е во Вардар каде од тренерот Раул Гонзалез доби многу слобода и голема минутажа. Ја искористи на најдобар начин и во полна мерка учествуваше во освојувањето на Европската круна.

SHARE