И Јасна Котевска со порака до Владата за името

Loading...

Еден од најжестоките критичари на политиките на предходната влада сега со став за името кој е контра позициите на актуелната влада на СДСМ.

Професорката Јасна Котевска смета дека не е нормално да бидеме Горномакедонци.

“Не разбирам по која основа е нормално да се викам горномакедонски граѓанин?
Сфаќам језива сиромаштија, бугарски пасоши, вицови за дијаспора, ужаснувачки политичари.
Во 1991 си се самодекларирал како Република Македонија и како сега менуваш име под притисок?”, напиша Котевска на социјалните мрежи.

Јасна Котевска е ќерка на писателот Јован Котевски кој во 1985 година е осуден на пет годишна казна затвор за обид за уривање на Југославија.

Одлежал две години во Идризово.