И шпанскиот стратег на македонската клупа Раул Гонзалез брзо свати дека без битолскиот горостас нашата одбрана не е врвна и затоа во последен миг, и за клучниот дуел го повикува Ацо Јоновски. Тој го менува Велковски, а и голманот Митревски ќе оди на место Даскаловски против селекцијата на Чешка против која вечерва (20.45) во Скопје ја биеме последната битка за пласман на ЕП во Хрватска следниот јануари.

Во натпреварот што ќе се одвива во арената Борис Трајковски ние влегуваме со бод помалку од Чешка, со иста акумулација со Украина со која во четвртокот ремизиравме и еден поен повеќе од Исланд. За настап на ново Европско првенство денеса ни треба триумф, и тоа каков било, а се друго, ќе биде предмет на комбинации. И со реми можеби можеме да завршницата на континенталниот ракометен собир, но за тоа веќе ќе решава и среќата.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП-ГРУПА 4

МАКЕДОНИЈА                     20.45              ЧЕШКА

ИСЛАНД                             20.45              УКРАИНА

Табела:

ЧЕШКА                       6(+13)

МАКЕДОНИЈА             5(+3)

УКРАИНА                   5(-8)

ИСЛАНД                    4(-8)

SHARE