Казахстан се збогува од кирилицата

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, потпиша декрет за замена на кирилицата со латиница, соопштува РИА Новости.

Причина за промената е поврзана со модерната технологија.

Сегашната кирилица во Казахстан има 42 букви, што ја прави тешко потреблива во новата дигитална технологија и уреди.

 

Иако казакстански е официјалниот државен јазик откако Казахстан стана независна во 1991 година, само 62 проценти од населението се изјасниле дека го владеат.

Рускиот јазик, признаен како официјален, го употребува 85 отсто од населението.

Неколку други турски држави, вклучувајќи ги Азербејџан, Туркменистан и Узбекистан, исто така, се префрлија на латинично писмо.

Богатата на нафта поранешна советска република, со околу 18 милиони  жители, има многу блиски односи со Москва, нејзиниот главен трговски партнер, но таа исто така е претпазлива во однос на амбициите на Русија да го задржи политичкото влијание во регионот.

Казахстанскиот турски јазик го користел арапското писмо сè до 1920-тите, кога била воведена  латиница. Подоцна во 1940 година, латиницата била заменета со кириличното писмо.

SHARE