Каква награда доби Иванов во Москва и кој ја добил пред него?

Македонскиот претседател Ѓорги Иванов вчера во Москва од страна на поглаварот на Руската Православна Црква Патријархот Кирил на свечена церемонија ја доби наградата  „Патријарх Алексеј II“.

Наградата ја доделува „Меѓународниот општествен фонд за единство на православните народи“ кој што е формиран во 2000 година со дозвола од првиот руски патријарх избран по падот на комунизмот Алексеј Втори. Овој фонд се смета за важна алатка на РПЦ во обидот да се дојде до поголемо единство и влијание во православниот свет а важи и за близок на руските официјални државни органи со кои е во координација при изборот на тие што ќе ја добијат наградата.

Наградата на македонскиот претседател му се доделува за неговите напори во приближување и единство на православниот свет и за ширење на христијански вредности.

Предходно оваа награда ја добиле, и претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, Естонскиот претседател, Арнолд Рутел, Бугарскиот претседател Георги Прванов, екс рускиот премиер Евгениј Примаков, поранешниот украински претседател Виктор Јанукович како и прославениот српски режисер Емир Кустурица.

SHARE