Што зборуваше Али Ахмети за употреба албанскиот јазик? (ВИДЕО)

„Каде поминува Албанец таму ќе се зборува албански!

Така зборуваше Али Ахмети кон средината на јануари во емисија на Алсат М, кога  објасни како замислува да се применува албанскиот јазик во било кој град во Македонија

„Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине“.

Лидерот на ДУИ објасни дека ако некој Албанец поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик.

„Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето гостување на емисијата 200.

Законот за употреба на јазиците „заглави“ во парламентот околу тоа дали треба да има расправа по над 35.000 амандмани поднесени од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дали неизјаснувањето по амандманите значи прекршување на Деловникот…

Спикерот на парламентот Талат Џафери вчера на партиите им даде рок од една недела да се договорат како да постапат со Законот кој е на трето читање откако претседателот на државата Ѓорѓе Иванов одби да го потпише поради, според него, неусогласеностсо Уставот.

Зијадин Села денеска ја повика ДУИ да ја преиспита својата позиција во владата, а СДСМ го потсети дека Законот за употреба на јазиците бил услов за формирање на калиционата вада.