Како изгледа Мишел Фајфер на прагот на 60-тите години?

Мишел Фајфер се враќа во Холивуд во полн сјај. 59-годишната актерка присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Wizard Of Lies“ во Њујорк. На свеченоста, славната Оскаровка носеше црн костум од Monse додека позираше покрај својот сопруг Дејвид Кели и колегата Роберт Де Ниро.

Ова е само почеток на враќањето на Мишел на големите екрани. Годинава ќе бидат премиерите и на „Mother“ (режиран од Дарен Аронофски) и римејкот „Murder on the Orient Express“.

SHARE