Постојат намирници со кои можете да си помогнете во надминувањето на неподносливите летни горештини, од кои едноставно не се бега!
Лубеница
Ништо не е толку освежувачко колку парче зрела лубеница. Во себе најмногу содржи вода, а во едно просечно парче има околу 50 калории, што ја прави совршена за оние кои внимаваат на својата исхрана. Добра е за срцето, содржи антиоксиданси кои го штитат организмот од рак и помагаат во намалувањето на болките во зглобовите.


Краставица
Уште еден одличен борец против страшните горештини, краставицата. Не само што помага во разладувањето, особено ако на неа додадете сол или црн пипер, туку и го хидратизира организмот и ги елиминира токсините. Освен тоа, одлична е против мамурлак, помага при варењето на храната и ги содржи сите потребни витамини.
Јогурт
Без разлика на тоа каков вид на јогурт сакате, сигурно ќе ви биде од голема помош ова лето. Јогуртот е здрав, а во комбинација со свежо овошје може да има уште подобар ефект. Бидејќи фабричките овошни јогурти содржат големи количини на шеќер, најдобро е да си направите сами. Во обичен јогурт додадете исецкани парчиња од вашето омилено овошје и засладете го со лажица мед. На овој начин ќе се освежите, а и ќе имате добро здравје.
Ладен чај
Ладната вода во големи количини е задолжителна поради летните горештини и постојаното потење. Меѓутоа, ладниот чај, од друга страна, пак е богат со кофеин и други важни витамини, а покрај тоа го освежува организмот. Затоа, тој е идеално решение за време на летните денови, особено за оние кои сакаат засладени пијалаци, меѓутоа повторно нагласуваме: оној што не е подготвен дома, можно е да содржи многу шеќер!


Мешана салата
Најдобрата работа поврзана со салатата е тоа што е нискокалоричен оброк кој и освежува. Позната “шопска” салата може да се најде во секој ресторан, а можете и да ја направите во вашиот дом. Тешката храна прави да се чувствувате надуено и лошо, затоа скратете си ги маките и уживајте во лесен и освежувачки оброк по ваша желба.