Како потпретседателот на СДСМ ја скара партијата со ЛГБТ заедницата

Во својот пост на фејсбук Мухамед Зекири објавил делови од Куранот во кој што се проколнуваат различни категории на луѓе кои што се однесуваат спротивно на муслиманските правила.

Главниот проблем за ЛГБТ заедницата е првото проколнување на луѓето кои што вршеле соддомија односно имале секс со ист пол.

Во истиот пост Зекири ги проколнува и зоофилите, односно тие што имаат секс со животни, предавниците што се откажуваат од своето племе, луѓето со две жени од која што една е ќерка или пасторка на сопругата, непослушните синови и ќерки, тој што не го почитува Алах и работи во друго име.

Текстот на постот на Зекири

„Пренесено е од Абу Хурејре, дека Пророкот рече,
Алах семоќниот на седумте неба ги проколна овие луѓе:
. Проклет е тој што сторил како што сторија луѓето од Лот трипати. (Ова се однесува на луѓето на Лот, т. е. Содомитите од Содом – со овој стих се осудува хомосексуалноста).
. Проклет е тој што сее во име на нешто освен на Алах.
. Проклет е тој што има секс со животно.
. Проклет е тој што не е послушен на родителите.
. Проклет е тој што се зема со жена и нејзината ќерка или пасторка.
. Проклет е тој што ја менува земјата и тој што се откажува од своето племе

 

Постот на Зекири предизвика бура од реакции во македонската јавност каде што практично немало сериозна дебата на оваа тема. за реакциите читај тука и тука

SHARE