Како Шилегов негираше во Собрание дека ќе има двојазичност (ВИДЕО)

Петре Шилегов, сегашен градоначалник на Скопје, пред да стане тоа, во својство на пратеник на Социјалдемократски сојуз на Македонија, од говорницата во Собрание негираше дека ќе има двојазичност на целата територија на државата.

„Промена на државните симболи – нема. Промена на уставниот карактер на Република Македонија како парламентарна демократија и унитарна држава – нема. ПРИМЕНА НА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛОКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – НЕМА“, рече тогаш Шилегов од собраниската говорница.

Демантот стигна завчера со изгласувањето на Законот за употреба на јазиците со едногласна поддршка од сите 69 присутни пратеници, вклучувајќи ги и тие од СДСМ и неговите коалициски партнери, со кој албанскиот станува втор службен јазик во целата земја.

За другите „гаранции“ на Шилегов околу државните симболи, парламентаризмот и унитарноста – времето ќе покаже.

 

Оставете коментар