Каменос: Грција и Турција на чекор до фатален инцидент!

Министерот за одбрана на Грција, во интервју за францускиот весник „Либерасион“, изјави дека „Грција е многу блиску до фатален инцидент со Турција“ по случајот на упасените двајца грчки војници кои влегоа на турска територија и се соочуваат со судење во Турција.

„Кога нашиот воздушен простор е повреден, ги испраќаме нашите авиони да ги придружуваат турските авиони надвор од нашиот воздушен простор“, вели Панос Каменос, како што пренесува „Катимерини“.

Грција е ставена на милост и немилост на инцидент што може да се прошири на крајбрежјето, морнарицата во секое време, вели Каменос.

„Ние сме должни да ја браниме нашата територија, која не е само грчка, туку и европска“, повтори министерот.

Вчера, лидерот на десничарската турска Голема сојузна партија, Мустафа Дестичи, објави дека со помош на Алах турското знаме повторно ќе се вее над Атина, по откако припадници на „Златна зора“ запалија турско знаме, јавуваат грчките медиуми.

SHARE

Comments are closed.