Loading...

Златниот шпански ракометен репрезенативец и еден од клучните играчи на актуелниот победник во Лигата на шампионите, Вардар, Жоан Канељас и сподели со тиражната Марка дека се плаши дека во Скопје повторно ќе останел без заработеното на терен, како што тоа нему веќе му се случуваше во два наврата, во Сиудад Реал и во Хамбург.

„Претседателот ни рече дека до крајот на овој месец се ќе ни биде исплатено или барам поголемиот дел од тоа што ни се должи. Не знаеме зошто е така, бидејќи не веруваме дека проблемот е економски“ и соопшти Канељас на Марка не изнесувајќи детали за какви долгови или колку плати се во прашање.

Извонредниот бек смета дека клубот нема финансиски проблеми и затоа нему му е уште почудно што е создадена ваква ситуација и вакум особено што екипата игра извонредно и до сега во сезоната има само еден пораз во 12 меча во средбите од ЛШ.

„Веќе некое време ни велат дека ќе ни биде исплатено се што ни се должи, но тој ден никако да дојде“ вели Канељас, но не го кометира или поврзува моментот со откажувањето на актуелниот сопственик на вардаровиот ракометен кампус Сергеј Самсоненко од женската екипа која сезонава нема ни нерешени, а за пораз и да не говориме.