Каракачанов ја одбележува смртта за загинатите Македонци во првата светска војна

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој што е дел од владата на Бојко Борисов вчера бил патрон на „Денот на Македонија“ во Софија кој се организира во чест на загинатите кои што се бореле во бугарската армија во првата светска војна во Македонија и Грција.

Министерот и вицепремиер Каракачанов стои зад неколку настани за прв пат организирани во чест на паднатите “Бугарски херои“ како што тој ги нарекува и Македонците кои се бореле во бугарската армија меѓу 1912 и 1918 година.

Програмата вклучува искажување почит пред споменикот на револиционерите од Македонија и Тракија и молитва за тие што се бореле за ослободување на бугарските земји.

 

Во официјалното обраќање на Каракачанов тој бара „Да не се заборави вистината и идеалите на на тие што паднаа за Македонија“, јавува „Балканската истражувачка Мрежа“ (БИРН).

Националистичката бугарска партија ВМРО  – БНД чиј лидер е Каракачанов како дел од својата програма „Македонското прашање“ го има поставено како централна партиска доктрина.

Бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела најави дека веднаш по формирањето на новата влада во Македонија треба да продолжат разговорите за потпишување на билатералниот договор за пријателство и добрососедство.

SHARE