Грчкиот весник „Real news“ на насловна страница донесува изјава на поранешниот грчки премиер Костас Караманлис кој, на средба со неговите партиски колеги од Неа dемократија, изјавил дека не постои македонска нација

„Ова мора да биде јасно и официјално целосно прифатливо“, вели Костас Караманлис, додавајќи дека треба да се стави крај на прашањето за името на соседната земја.

Оваа позиција, наводно, била формулирана од страна на поранешниот премиер на неговите соработници уште пред Самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт.

Неговата влада во чиј состав како министерка за надворешни работи беше Дора Бакојани, стави вето во 2008 година за влез на Македонија во Алијансата.

Мицотакис, Караманлис и Самарас

Братот на Бакојани, Кирјакос Мицотакис во моментов е лидер на опозициската Неа Демократија, а двајцата се деца на поранешниот премиер Константинос Мицотакис (1990-1993) кога Грција го оспори името на Македонија.

Константинос Александроу Караманлис (роден на 14 септември 1956 година), попознат како Костас Караманлис, е грчки политичар кој од 2004 до 2009 година беше премиер на Грција. Тој исто така беше претседател на централнодесничарската партија Неа демократија, основана од неговиот чичко Константинос Караманлис.

Постариот Караманлис, е инаку претседател на Грција во 90-те во чие време беше донесена многупати споменуваната одлука на Советот на лидери на политички партии дека во името на северниот сосед не смее да стои терминот „Македонија“.