Новиот четврти пораз на кошаркарите на нашиот вице шампион во групата Х од ФИБА Еврокупот го доживеа дома од Солнок со 91-73 што ја потврдува кризата во македонскиот тим. Карпош Соколи имаше добар почеток во првата четвртина (26-21), но веднаш потоа следеше потоп кој на полувремето не однесе со негатива од единаесет поени разлика (34-45). Тоа на гостите им беше доволно да стасаат до рутинска победата која ним им обезбедува биланс од три победи и пораз, а нас става во ситуација да имаме 0-4.
Чомагиќ со 17 поени и Лабовиќ со 15 беа најефикасни кај Карпош Соколи, а поранешниот играч на македонскиот тим, Кендрик Пери беше најдобар кај Унгарците со 17 коша.

Оставете коментар