Касами не го признава Гаши за лидер на БЕСА

Loading...

Kрилото во БЕСА предводено од Биљал Касами го оспорува правото на другата групација, која на вчерашниот конгрес во Тетово го избра Африм Гаши за нов партиски лидер.

„Собирот претставен како партиски Конгрес нема врска со Движењето Беса и нејзината легитимна и легална структура. Доволно е да се види целосната слика, за тоа кој од поканетите беше во првите редови, а кој во позадина, слободно може да се констатира дека таа група е едноставно собир на здруженија кои се диригираат само од еден центар кој нема врска, не само со Беса туку ниту со Албанците“, велат од групата на Касами.

Оваа група би требало да оддржи свој конгрес на 24 февруари во Скопје.