Катерина Колозова е надвор од животна опасност

Професорката Катерина Колозова е надвор од животна опасност по сообраќајката во која се повредени таа и уште петмина други.

Тешката сообраќајна несреќа се случила во 17.30 на мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев.

Според информации од МВР во 17.30 се случила сообраќајна незгода на надвозникот во населбата Ѓорче Петров во Скопје, во која учествувале две патнички моторни возила Опел астра и Хјундаи, со скопски регистарски таблички. Возачот на Хјундаи К.К. е пренесена во ГОБ „8-ми Септември“, каде и е констатирана тешка телесна повреда. Нејзината сопатничка И.К. е пренесена во Ургентен центар.

Во возилото Опел Астра се превезувале четири патници. Возачот Д.Т. е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде му е констатирана тешка телесна повреда. Во ГОБ „8-ми Септември“ биле однесени и сопатничките Б.Т. и М.Т. и констатирани им се телесни повреди. А.Т. е однесен во Ургентен центар, соопштува полицијата.

“Луѓе, фала ви на сите за пораките и повиците: по некоја скршеница, гипс, помал потрес на мозок но ќе бидеме ок. Битно живи сме. Да немавме појаси и airbags може и немаше да не’ има. Ама, ете не’, живи, фала му на Бога”, напиша вечерва Катерина Колозова на својот фејсбук профил.

SHARE