Катехон: Судирот меѓу Албанците и Македонците го спречува влезот во НАТО

Меѓународната организација Катехон која што е формирана во Русија но која тврди дека соработува со голем број меѓународни експерти од други земји објавува анализа за состојбата во Македонија со наслов „НАТО: Македонија следува по Црна Гора“ но во текстот нема ни еден цитат или изјава на НАТО претставници за ваков развој на настаните.
Во неа авторот Иван Коновалов тврди дека нерешениот интеретнички спор меѓу Албанците и Македонците е главната причина зошто земјата не може да влезе во алијансата.
Покрај низата субјективни анализи на состојбите во Македонија напишани од руски агол во текстот се дава и преглед на оружјето кое го поседува земјата како аргумент дека Македонија не му е потребна на НАТО.
Според Катехон Армијата на Македонија воопшто не е воено вредна за алијансата затоа што покрај малиот број на војници , вкупно 8000 војници и 2000 резервисти има четири механизирани бригади.
Според авторот земјата има 10 посебни единици на ранг на батаљони меѓу кои и единица ренџери како и еден оклопен батаљон. АРМ поседува и 31 украински тенк, Т – 72 од кои само половината се исправни, 30 италијански оклопни возила М113 како и 80 релативни нови возила Хамер.
Најголемиот дел од оружјето на АРМ е  руско вклучително и хеликоптерите МИ – 24 и Ми 8/17. Американски се само двата хеликоптери УХ – 1 а авијацијата воопшто нема авиони, пишува руската тинк – тенк организација Катехон која се залага за принципот на мултиполарно уредување на светот.
SHARE