Loading...

Коѕијас ќе замине на првиот директен лет меѓу Атина и Скопје по речиси 12 години, но неговото патување доаѓа во време на зголемени тензии околу преговорите со кои посредувааОбединетите нации. Постои и притисок од надворешни сили, а руските власти изразуваат противење на аспирациите на Скопје за влез во НАТО и во Европската унија, пишува денешен „Катимерини“.
Освен значајната симболика на неговата посета, Коѕијас се очекува да има многу конкретни разговори со претставници на владата во соседната држава и ќе се фокусира на предлогот од седум точки испратен до Скопје.

Се чини дека има взаемно приближување околу три од овие 7 точки пишува „Катимерини“ и тоа „ за името Република Горна Македонија (Република Горна Македонија), за акронимот што ќе се користи, и за барањето на Грција БЈРМ да го демонстрира своето отфрлање на иредентизмот“.
Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, во вторникот објави дека „Скопје одговори на предлозите на Грција“, пишува весникот.

Весникот потсетува дека руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека „плановите за вовлекување на Република Македонија во НАТО би можеле да имаат негативни последици за регионалната безбедност и билатералните односи“, на што премиерот Заев одговори дека „ потенцијалното пристапување на Македонија во НАТО не значи дека сме против натамошна соработка со Руската Федерација“, додавајќи дека зајакнувањето на врските со Москва е една од „стратегиските цели на Скопје“.