Катругалос: И што ако 134 земји ја признаа „Македонија“

Сега е вистинско време да дејствуваме ако сакаме да го решиме прашањето за името на ПЈРМ, изјави заменик министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

Во интервју за ЕРТ, тој истакна дека „сакаме реставрација на историјата, да биде посебно име од историјата на нашата Македонија“.

Според него „она што го преговараме е име кое ја разликува историска Македонија од скопската држава…“.

Тој потенцираше дека 134 земји-членки на ОН веќе го признаа северниот сосед на Грција како „Македонија“.

Евидентна е координираната акција на грчки политичари, од власта и од опозицјата, од црквата па и од маргинални групи и поединци кои секојдневно ја „бомбардираат“ јавноста со изјави со кои се вжештува атмосферата околу, според нив, наважното национално прашање – грчкиот термин „Македонија“.

Заменик министерот изрази уверување дека решението што ќе го постигнат двете земји ќе биде национално корисно и ќе биде поддржано од повеќето политички партии во парламентот.

Говорејќи за парламентарната телевизиска станица „Вули“, Катругалос поддржа сложено име за пЈРМ, како што пренесуваат медиуми, истакнувајќи дека Скопје „треба да престане со иредентизмот“.

Не сакаме национални поделби, националниот интерес е прв, нагласи тој и оцени дека министерот за одбрана, Панос Каменос, лидерот на партијата Независни Грци, нема „да не се согласи“ или да покрене проблем во врска со името.

Оставете коментар