Десерт на денот: Кафе торта

Веруваме дека нема поголемо задоволство за љубителите на кафе и колачи од моментот кога ќе успеат да ги спојат овие два вкуса во еден неверојатен десерт.
Денешниот рецепт е токму еден таков сладок специјалитет на кој тешко може да се оддолее и кој, оглед на присуството на кофеин им се допаѓа, и е добар и за децата.

Потребни состојки:

– 6 јајца

– 140 гр шеќер

– 8 лажици мелени лешници

– 4 лажици лебни трошки

– 3 лажици мелено кафе за еспресо

– 1 портокал, сок и изрендана кора
За филот:

– 6 жолчки

– 6 лажици шеќер во прав

– 5 лажици мелено кафе за еспресо

– 2 реда чоколадо

– 180 гр путер
Подготовка:

Тавата за печење исплакнете ја со ладна вода и уште влажна, обложете ја со хартија за печење. Потоа хартијата премачкајте ја со путер. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
Одвоите ги белките од жолчките на јајцата.
Портокалот убаво измијте го, изрендајте ја кората и исцедете го сокот.
Прво изматете ги белките го густ шлаг. Половина од шеќерот полека додадете го во белките додека ги матите.
Преминете на матење на жолчките со шеќерот и портокалот додека да станат светло жолти. На крај додадете ги мелените лешници, кафето и лебните трошки.
Матете додека да добиете хомогена смеса. потоа оваа смеса додадете ја кај белките и полека измешајте со дрвена лажица. Сипете ја смесата во тавата и ставете да се пече во загреаната рерна околу 20 минути. Боцнете со чепкалка за заби да проверите дали е печено тестото. Извадете ја од рерна и оставете да се излади.

За филот, изматете ги жолчките со шеќерот во прав 3-4 минути и на крај додадете го кафето. Сипете ја смесата во сд во кој ќе го варите филот на пареа и мешајте додека не се згусне.
Додадете го искршеното чоколадо и продолжете да го варите филот додека не се згусне уште малку околу 1-2 минути. Тргнете го садот на страна и продолжете да мешате додека филот не се излади малку. Потоа додадете го ладниот путер исечен на коцки и мешајте додека не се растопи. Вака изладениот фил ставете го во фрижидер да стои околу 2 часа.
Тортата може да ја филувате со изладениот фил. Прво кората исечете ја на три дела, а филот поделете го на два помали и еден поголем дел. Со помалите делови фил филувате ги двете кори и ставете ги една врз друга. Потоа ставете ја третата кора и со остатокот од филот филувајте ја тортата од горе и од страните. Тортата украсете ја со чоколадни зрнца.

SHARE