Лионел Меси и Мухамед Салах дадоа голови во вчерашните настапи на Барселона и Ливерпул, па со вкупно 24 ги стасаа Хари Кејн од Тотенхем и Едисон Кавани од ПСЖ по бројот на погодоци сезонава односно на листата најдобар стрелец во Европа која годинава е извонредно изедначена. Потсетуваме погодоци во посилните лиги вредат по два бода, па сите четворица сега имаат по 48. Следен на листата е Жонас од Бенфика со 30 гола, но само 45 поени.