Кекеновски: Продолжува двоглавата извршна власт

Loading...

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил реагираше по повод одлуката на вице-премиерот за европски интеграции да не отпатува на меѓународна конференција во БиХ бидејќи во Сараево не било покането и Косово.

На Конференцијата не отпатувал ни претставник на Република Албанија, поради истите причини, а од владата вчера соопштија дека то било „лична проценка на министерот“.

„БАНАНА ДРЖАВА – БАНАНА ПРЕМИЕРИ“ коментира Кекеновски.

„Ццццццц. Срамно и недозволиво“, констатира Кекеновски.

Значи продолжува и понатаму функционирањето на двоглавата извршна власт. Си имаме два премиера пред кои одговараат министрите.
За жал досега во РМ немаше и нема маж премиер кој цврсто ке ја држи во рака премиерската палка. Желбата да се сочува премиерската позиција по секоја цена, е побитна од се останато.
Во една саглам држава, со саглам премиер не е можно вицепремиер сам да донесува одлука за учество или неучество на ваква важна конференција поради ваква причина.
Сетете се само дека против Бујар Османи има и истражна и предистражна постапка. И покрај презумпцијата на невиност, саглам премиер и премиер кој држи до себе, немаше да дозволи да му го наметнат во владата се додека не заврши целата постапка, а уште помалку сам да одлучува за учество или неучество на конференцијата посветена на Западен Балкан.

П.С. Да бидам објективен до крај, и против премиерот се води кривична постапка“, вели на крајот Кекеновски во постот на Фејсбук.