Неколку месеци веќе има гласини дека Кејт Хадсон и Бред Пит се во романтична врска, а сега познатата актерка конечно реши јавно да проговори за нивната наводна врска. Познатата актерка гостуваше во познатото шоу на Енди Коен, и таму таа отворено зборуваше за шпекулациите дека е новата сакана на Бред Пит, и дека е на вистински пат да го залечи славниот колега од разводот од Анџелина Џоли.

„Тоа е најлудата гласина што сум ја чула до сега. Отпрвин беше навистина кул но, тука навистина нема воопшто вистина. Да бидам попрецизна, не сум го видела Бред веќе четири години“ рече Кајт Хадсон по што пропаднаа страници и страници испишани од медиумите.

Оставете коментар