Поради дијагозата што и е констатирана на 36. годишната риалити ѕвезда, Ким Кардашијан може да има проблеми при третата бременост. Таа има наод кој може да создаде непријатности и затоа со сопругот музичарот Канје Вест се решиле за сурогат мајка која ќе биде ангажирана преку агенција.
За ова Ким и Канје ќе треба да платат 114 илјади долари, а ако бидат близнаци ќе треба да платат дополнително. Славната двојка има строги правила за сурогат мајката и таа мора да потпише дека нема да консумира алкохол, нема да оди во сауна, не смее да ја бојадисува косата, не смее да се дрогира и да има сексуални односи, еднаш дневно може да пие кофеински напиток и доста други услови.


Кима Кардашијан и Канје Вест се заедно од  мај во 2014. година и веќе ги имаат децата Саут Вест и Норт Вест.

SHARE